Албанската опозиција предводена од демократите на Сали Бериша, денеска пред Владата во Тирана одржа последователниот протест, кој помина без инциденти.
Истиот и денеска беше поддржан од Партијата на слободата, чиј лидер Илир Мета во обраќањето рече дека овој протест е продолжение на нивната заложба да го урнат овој систем со протести и избори.
– Денеска сме тука во продолжение на нашата заложба да го урнеме овој режим на Рама со протести и избори. Најомразениот режим на континентот, најкорумпираниот, режимот што води само до депопулација на земјата. Режим преплашен од слободното гласање, од слободата на говорот, од потписите што ги ставаше повторно и повторно со кои ограби милијарди евра. Оди си не ја користи власта за дипломатска одбрана, му порача Мета на Рама.
Тој употреби навредливи зборови до Рама, нарекувајќи го „човек со големи психички, карактерни и политички проблеми, човек помизерен од кој било друг“.
Вообчаено последен се обрати Бериша кој рече дека „заминувањето на оваа влада е мисија што треба да се исполни преку оваа револуција која штотуку започна“, затоа ги повика сите, па и свесните членови на Социјалистичката партија да им се придружат.
-Одлучни сме во нашата мисија да ги скратиме часовите на оваа корумпирана влада. Рама мисли дека ќе не исклучи од изборите, но му порачувам дека ние ќе го избркаме од Албанија. Тука сме да му кажеме: Еди Рама, денес имаш пари, имаш банки, имаш се. Но, ништо не може да ги победи идеалите на овие граѓани. Ништо не може да ги победи идеалите на оваа револуција. Повторувам мисли и верува дека ќе не исклучи од избори, со наредба на судовите за печатот и логото. Еди Рама не не се надевај дека ќе не скршиш, затоа оди си, бидејќи ќе те избркаме од Албанија, порача Бериша.
Тој не го поштеди и од обвинувања за корупција, криминал и поттик на младите да ја напуштаат земјата, па дури го нарече „најголемиот непријател, не само на Албанија туку и на САД и ЕУ“.
-Крадењето пари не е најголемиот проблем на овој ненаситен крадец. Крадењето на нашата иднина е неговиот најгрозоморен чин. За 8 години 35 отсто од Албанците ја напуштиле Албанија. За 8 години секој од нас изгубил една третина од своите најблиски кои заминале во други земји. Со ова темпо Албанија оди кон изумирање и исчезнување. А тој мисли дека ќе живее некаде на Карибите или на жешките острови на Индискиот Океан, посочи Бериша.
На крајот од протестот беа запалени куклите со ликот на Рама и на агентот на ФБИ, кој е обвинет за поврзаност со руски тајкун, а опозицијата тврди дека во аферата е вклучен и албанскиот премиер.
За безбедноста беа ангажирани над 1.100 полциски службеници од сите сектори, а на готовс беше и Националната гарда.