Станиците на две од трите линии на метрото во Атина денеска се евакуирани и затворени по анонимна дојава за бомба, соопшти компанијата Штази, која управува со метрото.
Сите станици на линиите два и три се евакуирани и затворени по наредба на полицијата, а затворен е дури и контролниот центар“, велат од компанијата.
Мерката била преземена по телефонски повик во кој било кажано дека биле поставени експлозивни направи во метро станицата Синтагма и во соседната станица Монастираки, во близина на туристичкиот кварт Плака, соопшти компанијата Штази.
Полициски екипи за деминирање и специјални кучиња трагачи беа испратени да ги проверат станиците.
Компанијата соопшти дека во текот на денешниот ден се очекува повторно да почне со работа метрото во главниот град на Грција.