Новиот музеј, кој е планиран со Урбанистички план на Универзитетскиот парк, ќе биде посветен на новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, потврди директорот на ЈП „Урбанизам“, Душан Миладиновиќ, наведувајќи дека просторот во тој парк ќе биде спомен музеј.
Како што објави порталот 021.рс, музејот ќе се наоѓа во близина на кејот и реката Дунав, кои Балашевиќ ги пееше во своите песни.
Музејот е планиран на површина од 500 квадратни метри, ќе има галериски простор, мултимедијална сала, спомен-сала, како и технички и други простории.
Според предлогот на урбанистот, пред изградбата би требало да се распише архитектонски конкурс за таа зграда.
Засега нема информации кога би можела да започне изградбата на музејот, а Урбанистичкиот план на паркот е во јавен поглед.