Белграѓанец почина само неколку минути откако доби 5 убоди од стршлени.
Маж на 69 годишна возраст е втора жртва за само неколку дена на стршлени – убијци што напаѓаат во Србија. Мажот е од приградската населба Мали Пожаревац, кој починал иако за само неколку минути му била пружена лекарска помош.
Докторите цел час се обидувале да го реанимираат, но безуспешно.
Пред неколку дена од убоди на стршлени почина и советникот во општина Ужице, 43 годишниот Владан Марковиќ. Тој бил искасан од стршлени додека берел малини во селото Злодол.
Во исто време од убод на оса почина и 66-годишниот пензиониран полицаец Гроздан Петковиќ. Тој бил на риболов кога оса го каснала на јазикот од што набргу починал.