петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Белград повторно е мета на дојави за бомби, низ градот распоредени специјалци

Белград повторно е мета на дојави за бомби, низ градот распоредени специјалци

Белградската полиција добила пријави за поставени бомби на повеќе локации во градот јавуваат српските медиуми. Според информациите во медиумите дојави за бомби добиле и студентскиот дом на булеварот Крал Александaр, трговскиот центар „Ушче“, Филозофскиот факултет и ректорската зграда на Универзитетот во Белград, КБЦ Земун, како и неколку обложувалници низ градот.

Некои медиуми пак објавија дека имало околу 50-тина дојави бомби на неколку локации, меѓу кои и за Амбасадата на Белорусија, две бомби на Студентскиот плоштад, девет на аеродромот Никола Тесла, потоа во центарот на градот кај Т.Ц. Делта на улицата Јуриј Гагарин.

Белградска „Политика“ пишува дека имало информации дека една бомба наводно била поставена на вториот кат на Филозофскиот факултет. Во исто време четири бомби биле поставени во зградата на Ректорот на факултетот, две во Универзитетот за уметноста една бомба во обложувалница на улицата Ганди, и две бомби во обложувалница на адреса Народни Херои бр. 30.

Според информациите, специјализирани полициски екипи во моментов се излезени на терен и ги истражуваат наводите за поставени бомби.