Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои се осомничени дека извршиле седум тешки убиства.
Инаку, на денешното судење во просторот каде што престојувале обвинетите цело време бил присутен лекар.
-Никому не помагаше во текот на судењето, но секогаш беше присутен во кутијата за обвинетите, вели нашиот соговорник.
Марко Миљковиќ, како и обично, имаше куп хартии пред себе, но денеска не бележеше за тоа што го кажа Лалиќ. Единствен кој забележуваше при презентацијата беше обвинетиот Небојша Јанковиќ.
-Интересна сцена се случи кога Миљковиќ пред почетокот на сведочењето на Лалиќ побара можност да зборува. Четворица стражари почнаа да го внесуваат во судницата, каде зад говорницата веќе стоеше Срѓан Лалиќ. Соработничкиот сведок, кој најверојатно мислел дека Миљковиќ ќе му пријде, набрзина тргнал кон другиот дел од судницата каде што обично седи, но редарите го вратиле да седне во близина на говорницата, бидејќи Миљковиќ немал можност да се приближи до тој дел, опишува соговорник на српските медиуми.
Според него, обвинетите делувале опуштено, дури и се смееле, а единствен кој покажал нервоза бил организаторот на групата Вељко Беливук, кој на самиот почеток на судењето си ја гризал усната. Инаку, тој засега немаше говор во судницата.