четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Беше НАЈМОЌНАТА ЖЕНА во полицијата, ама и таа падна: На Хркаловиќ и се закануваат 8 години затвор

Беше НАЈМОЌНАТА ЖЕНА во полицијата, ама и таа падна: На Хркаловиќ и се закануваат 8 години затвор

Поранешната државна секретарка во Министерството за внатрешни работи на Србија, Дијана Хркаловиќ, е обвинета за кривично дело „трговија со влијание“, за што и се заканува затвор од една до осум години.

Откако и беше одреден притвор со судска одлука, Хркаловиќ беше одведена во Окружниот затвор во Белград, каде што, во согласност со епидемиолошките процедури, ќе биде изолирана во специјална ќелија 14 дена.

Поради ситуацијата со епидемијата на коронавирус, како и сите други притвореници или осудени лица кои се испраќаат на издржување на казната, Хркаловиќ мора да биде во изолација и нема да може да прима посети во тој период, пренесуваат српските медиуми.

Високиот суд во Белград објави дека поранешниот државен секретар на МВР е во притвор до 30 дена поради фактот што може да влијае врз сведоците на слобода.

Хркаловиќ, некогаш „најмоќната жена во српската полиција“, во последно време се споменувала како личност поврзана со подземјето и беше уапсена во врска со убиството на Властимир Милошевиќ во 2017 година.