четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Без мерки Грците ја намалија потрошувачката на струја за 27 отсто

Без мерки Грците ја намалија потрошувачката на струја за 27 отсто

Податоците од грчкиот електроенергетски оператор АДМИЕ покажаа пад на потрошувачката на електрична енергија во јули, при што домаќинствата и деловните субјекти од среден и низок напон ја намалија потрошувачката за 27,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Грција не наметна задолжителни мерки за заштеда на енергија како другите европски земји во обид да го ограничи влијанието на поскапувањето на електричната енергија, но тоа не ги спречи домаќинствата и бизнисите сами да ја регулираат својата потрошувачка за да ги намалат трошоците, коментира „Катимерини“.

Потрошувачката на електрична енергија кај високонапонските претпријатија, исто така, покажа пад од 27,5 отсто во истиот месец по зголемувањето од 8,39% и 13,5% во јуни и мај соодветно во споредба со истите месеци од 2021 година. Но, според претставниците на индустријата, ова се должи на намалување на потрошувачката од 50% од рударската компанија Ларко во јули и не одразува соодветен тренд во локалната енергетско интензивна индустрија.