Лидл во Лесковац, Србија беше свечено отворен рано утринава, а граѓани тргнаа да купат што повеќе намирници по промотивни цени. Меѓутоа, ситуацијата излегла од контрола кога две жени почнаа да се влечат за пиле.
Ситуацијата била на раб на ескалација, многу брзо после влечењето можела да излезе од контрола и да следи тепачка.
Актерите на горе споменатото видео не останаа поштедени од коментари на социјалните мрежи.
-„Не е чудно што ние вака… без тронка достоинство“, „Ова не се гладни, ниту се сиромашни, само се алчни“.