петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Блиц“: Хојт Ји веројатно нов амбасадор на САД во БиХ

„Блиц“: Хојт Ји веројатно нов амбасадор на САД во БиХ

Американскиот дипломат Хојт Брајан Ји ќе биде назначен за нов амбасадор на САД во БиХ, а не во Македонија, како што претходно е најавено од Стејт департментот, пишува весникот „Блиц“, повикувајќи се на неофицијални информации од дипломатски кругови во Белград.

Изворот на „Блиц“, како што јавува Танјуг, лично слушнал во Скопје за можна промена на планот од страна на Вашингтон.

Сепак, се уште станува збор само за шпекулации, бидејќи мандатот на актуелниот американски амбасадор во Скопје, Џес Бејли трае до ова лето, па до тогаш и официјално ќе биде познато каде ќе биде поставен Ји, додава „Блиц“, оценувајќи дека евентуалното негово именување во Сараево би имало многу поголемо влијание на односите со Србија поради релациите Белград-Бања Лука.

Хојт Ји моментно е заменик-помошник на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања.