недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

БОЛЕН УДАР ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАТЕЈ: Нова фотографија од исчезнатиот сплитчанец предизвика хаос (ФОТО)

БОЛЕН УДАР ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАТЕЈ: Нова фотографија од исчезнатиот сплитчанец предизвика хаос (ФОТО)

Во групата која му дава подршка на семејството на Матеј нема некој што не бил среќен бидејќи за момент сите помислиле дека Матеј Периш е пронајден жив по повеќе од два месеци потрага.

Заедно со фотографијата која ги шокираше сите, имаше коментар: „Ни се врати“.

За жал на сите нас, ваквите кориснички објави предизвикуваат дополнителен стрес и непријатност кај семејството на Матеј, кое се уште се надева дека момчето ќе се појави жив и здрав.

Да потсетиме, Матеј Периш исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 јануари 2021 година, пред белградскиот клуб „Готик“, каде што беше со друштвото, а потоа од засега непознати причини го напушти клубот. Периш бил фатен од надзорните камери во следните десет минути, а потоа му се губи секаква трага на шеталиштето покрај реката Сава.