четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Борисов фатен како прима поткуп?!

Борисов фатен како прима поткуп?!
фото: Бгнес

Фотографии и видео матријал на кои се гледа како наводно поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов прима поткуп се главните докази против него.

Тој синоќа беше приведен за време на специјална операција на бугарската полиција и сеуште е во притвор, а се очекува да излезе по навршување на 24 часа согласно законот, освен доколку обвинителнот не назначи поинаку изјави еден од неговите адвокати Људмил Рангелов.

„Постојат неколку можности за развој. Најверојатно господинот Борисов ќе биде ослободен до крајот на 24-часовниот притвор. Другата можност е соодветниот обвинител да биде запознаен со материјалите против него за да оцени дали и како има услови за покренување обвинение. Доколку смета дека нема такви услови, 24-часовниот притвор очигледно ќе биде последен. Доколку обвинителот смета дека има докази за кривично дело, има и неколку опции. Може да му одреди притвор во траење од 72 часа, но може да му изрече друга мерка на притвор“, рече адвокатот Рангелов.

Премиерот Кирил Петков во видео обраќање вели дека неговата улога е да им даде целосна слобода на државните органи да постапуваат согласно законските овластувања. „Никој не треба да се плаши од вистината. само без страв од недопирливите, Бугарија навистина може да се промени“, изјави тој

-Дека никој не е над законот во Бугарија, покажува и вчерашното делување на МВР. Јас самиот бев испрашуван и дадов исказ. Во моментов се водат истраги од страна на европското обвинителство, но во наредните денови ќе видиме каде е бугарското обвинителство и дали конечно ќе застане на страната на бугарскиот народ“, рече Петков

По синоќешното апсење на Борисов, пратениците во бугарскиот парламент за малку ќе се степаа на денешната седница.

Акцијата се случи при говор на Георги Свиленски од БСП. Со вонреден одмор страстите ги смири претседателот на Народното собрание Николај Минчев.

Уште пред да почне со работа Националното собрание, сите пратенички групи се изолираа во своите простории.

Во синоќешната акција приведени се и екс – министерот за финансии Владислав Горанов, поранешната шефица на одборот за буџет Менда Стојанова и поранешната шефица на службата за информирање на владата Севдалина Арнаудова.

Симпатизери и членови на ГЕРБ утринава протестираат пред полиција и пред министерскиот совет, во знак на протест поради апсењето на лидерот на партијата бојко борисов. ова е прв протест на партијата откако е во опозиција. пред зградата има засилено полициско присуство.