петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Борисов: На Балканот му треба мир за да напредува

Борисов: На Балканот му треба мир за да напредува

Потребен е мир на Балканот за да напредува. За тоа се договоривме со претседателот на Хрватската демократска заедница во Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, напиша на својот фејсбук-профил лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, кој допатува во Љубљана на средбата на лидерите на ЕПП за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Борисов, заедничкото членство во Европската унија ќе ни донесе стабилност, безбедност, добрососедство и економски развој.

– Затоа Бугарија за време на управувањето на ГЕРБ секогаш ја поддржуваше европската интеграција на Западен Балкан, напиша Борисов во својата објава на Фејсбук.

Тој го увери Човиќ дека „во иднина ГЕРБ ќе работи за добрососедство на Балканот, како преку нивните дипломатски напори, така и со развојот на инфраструктурата и транспортните коридори на Балканот“.