петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Брисел ќе го објави извештајот за визите за Косово пред крајот на јуни, тврди Пацоли

Брисел ќе го објави извештајот за визите за Косово пред крајот на јуни, тврди Пацоли

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Беџет Пацоли најави денеска дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Косово во правец на визната либерализација ќе биде објавен на 28-ми овој месец, јавува дописникот на МИА од Приштина.

– Европската комисија ќе излезе со извештај за визната либерализација на 28. јуни 2018-та, одговорил кратко Пацоли на прашањето на индексонлине.нет.

Шефот на косовската дипломатија претходно за истиот портал изјави дека е „убеден дека овој извештај ќе биде позитивен за Косово“.

Заедно со извештајот, се очекува да биде објавен и приближниот датум од кога граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи во зоната на Шенген.

Бројни косовски политичари најавуваат дека тоа ќе се случи до крајот на годинава, или, евентуално, во првите пар месеци од 2019-та.

МИА