петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Британец и грчки војник обвинети за шпионажа во Грција

Британец и грчки војник обвинети за шпионажа во Грција

Грчките власти денеска покренаа обвиненија за шпионажа против еден британски државјанин и еден грчки војник, кои биле уапсени вчера во пограничната зона на границата меѓу Грција и Турција.

Полицијата првично покрена обвиненија против двајцата мажи, на возраст од 25 и 29 години, за „неовластен влез во ограничено воено подрачје“, но Обвинителството од грчкиот град Орестијада денеска ги прошири овиненијата и за шпионажа, затоа што кај уапсените биле пронајдени фотографии на воени објекти во пограничното подрачје кај реката Марица..

Британецот, работел за една хуманитрана организација што им помага на мигрантите пристигнати во Грција, додека војникот бил припадник на граничната единица и не бил на должност при апсењето.

МИА