Продолжува вербалната војна меѓу Србија и Хрватска околу пакетот санкции за Русија.
Српската премиерка ана Брнабиќ изјави дека забраната за увоз на руска нафта како дел од европските санкции против Русија, иницирани од Хрватска очигледно е отворен чин на непријателство кон Србија. Ќе мораме малку поинаку да се позиционираме, рече Брнабиќ и најави дека претседателот Вучиќ утре ќе ќе соопшти некои стратешки одлуки.
По обвинувањата, хрватскиот премиер Пленковиќ денеска во Прага појасни дека осмиот пакет санкции против Русија го донела цела Европска унија, а не Хрватска и дека реализацијата не е одложена, туку дека ќе стапи во сила за сите според планираното, од 1 декември.