Брод со 56 илегални мигранти бил пресретнат во Јонското Море, од страна на грчката крајбрежна стража.
Бродот бил запрен во близина на островот Лефкада, откако еден од мигрантите испратил повик за помош.
Двајцата организатори на патувањето се притворени, а мигрантите, меѓу кои имало осум деца, се згрижени.
МИА