вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бројот на илегални мигранти во Словенија повеќе од двојно зголемен од почетокот на годината

Бројот на илегални мигранти во Словенија повеќе од двојно зголемен од почетокот на годината

Словенечката полиција уапсила вкупно 15.590 илегални мигранти во периодот од јануари до септември, што е за 115 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, јавија дел од словенечките медиуми.

Полициската статистика покажува дека Авганистанци биле најголемата група илегални мигранти со 2.691 од вкупниот број. По нив следат мигрантите од Индија – 1983, Бурунди – 1821, Бангладеш – 1641 и Пакистан со 1568 лица. Групите мигранти од Ирак, Турција, Иран, Непал и Куба се движат од над 760 до 540 лица.

Речиси половина од сите илегални мигранти, или 7.812, се приведени во регионот на Копер. Сепак, бројот на илегални мигранти продолжува нагло да расте во регионите Ново Место и Марибор.

Тројно повеќе илегални мигранти изразиле намера да поднесат барање за меѓународна заштита во Словенија. Властите примиле над 6.940 барања за привремена заштита, речиси сите од украински граѓани. Бројот на илегални мигранти вратени во земјата на влез од страна на словенечките власти, падна од 3.211 на 2.106 лица. Најмногу се испратени во Хрватска – 1968, а потоа во Италија – 47 лица.