сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Буџуку: За два месеца штетата во албанската економија две милијадри долари, бараме отворање на сите бизниси пред први јуни

Буџуку: За два месеца штетата во албанската економија две милијадри долари, бараме отворање на сите бизниси пред први јуни

Албанската Конфиндустрија побара од Владата на премиерот Еди Рама и групата за менаџирање со кризата предизвиката од Ковид 19 итно враќање во нормален економски живот за сите деловни категории низ целата земја, без да го чекаат временскиот рок први јуни.

Според Конфиндустрија, проценетата економска штета во март и април изнесува две милијарди американски долари и оти секое одложување на враќањето во нормала ќе ја зголеми штетата.

Во изјава за медиумите, првиот човек на Конфиндустрија, Ѓерѓ Буџуку, исто така, побара итно да се дозволи слободно движење на граѓаните во сите региони во земјата.

-Само во март и април 2020 година, проценките на Конфиндустрија, со кои се согласуваат и претставниците на извршната власт, потврдуваат дека економска штета е 1,2 милијарди американски долари за формалната економија и над две милијарди долари за реалната економија на Албанија. Од
горенаведената вредност, се проценува дека најмалку 350 милиони американски долари се директно предизвикани од лошото справување со кризата. Горенаведената фактура продолжува да се зголемува со секоја минута, секој час и секој ден одложување кон враќањето во нормала, оценува Буџуку.

Конфиндустрија потенцира дека и покрај тоа што Албанија немала никакви последици од глобалната пандемија со Ковид-19, таа е на последно место во олеснување на мерките.

-Сите земји на ЕУ, кои беа погодени десетиципати потешко од Албанија од здравствената криза со Ковид 19 , спроведуваа многупати полесни мерки за изолација и во исто време многу порано се во враќањето во нормала. Истата ситуација е со земјите од регионот, кои практично се вратија во целосна нормалност. Заклучокот е дека Албанија ќе има многу полоша финансиска сметка во однос на другите земји за граѓаните и силен удар за конкурентноста на албанската економија, оценуваат од албанската
конфиндустрија.