четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бугарија: Поднесено барање за смена на претседателот на собранието

Бугарија: Поднесено барање за смена на претседателот на собранието

По жестоката расправа во Собранието на Бугарија околу излагањето на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и нејзините обвинувања на сметка на премиерот Кирил Петков, денеска попладне опозицијата поднесе барање за смена на претседателот на парламентот, Никола Минчев. На тоа барање се потпишани 120 пратеници од Има таков народ, ГЕРБ, ДПС и Преродба. Нивното барање е за „предвремено ослободување“ на Минчев од функцијата, според извештајот што е објавен на веб-страницата на собранието.

Според деловникот на бугарското собрание предлогот се става на гласање на првата седница по денот на приемот, а на лицето му се дава право да биде сослушано. Тоа значи дека гласањето ќе се одржи одржи утре.

Лидерот на партијата на Турците, ДПС, Мустафа Карадај, објасни дека нивните мотиви не се поврзани со излагањето на министерката во оставка Теодора Генчовска. „Причината е во прекршувањето на правилата. Тоа се случуваше и многу пати претходно“, рече Карадај.

Христо Иванов изјави дека Демократска Бугарија стои зад претседателот на Народното собрание Никола Минчев.

Со овој чекор Бугарија влегува во нова повжештена фаза на политичката криза за која никој не знае како ќе заврши.