петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бугарска фудбалска трагедија: Марио го заклал својот најдобар другар, па се обидел да си пресуди

Бугарска фудбалска трагедија: Марио го заклал својот најдобар другар, па се обидел да си пресуди

Поранешниот бугарски фудбалер, Марио Метушев го убил својот најдобар пријател со нож по што се обидел да се самоубие.

39-­годишниот Метушев, има над 200 настапи во бугарската прва лига како фудбалер на Пирин – Гоце Делчев, Пирин Благоевград, Ботев, Черно Море и Черноморец.

Како што јавија бугарските медиуми, Метушев по жестока расправија со својот пријател Краси Колџиев пред неговиот дом, го заклал неговиот пријател со нож.

Кога сфатил што направил, тој го свртел ножот кон себеси и тешко се повредил, а сега се наоѓа во болница во тешка состојба.

39­-годишниот Метушев последните две години беше тренер на локалниот нисколигаш Места Хаџидимово.