понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бурата Пенелопа донесе над 16.000 молњи во Грција

Бурата Пенелопа донесе над 16.000 молњи во Грција

За шест дена, бурата Пенелопа во Грција, донесе 16.200 молњи, обилни дождови, снег и силен ветер, според податоците од мрежата на метеоролошки станици на грчката опсерваторија во Атина и „метео.гр“.

Невремето, кое од метеоролозите го доби името Пенелопа и ја зафати Грција во периодот од 25 до 30 ноември, имаше две лица, топло и студено. Топлиот бран беше во првите три дена со обилни врнежи во западниот дел од земјата, јужен ветер и прашина во воздухот, а студеното во останатите три дена со молњи, силен дожд, особено на островот Крит и силен ветер што донесе значителен пад на температурата и снег на планините, јави дописничката на МИА од Атина.

Во градот Хања на грчкиот остров Крит биле регистрирани 428 милиметри дожд на метар квадратен, а системот ЗЕВС за следење на молњите регистрирал 16.200 молњи во период од шест дена.

Бурата Пенелопа донесе и снег од над 30 сантиметри на планините во североисточниот и централниот дел на Грција, но и силен ветер со јачина од 113 километри на час, регистриран на планината Пендели во близина на Атина.

Како што во петокот објави МИА, силниот ветер и обилниот дожд предизвикаа штети на неколку острови, но и забрана за пловидба за бродовите. На островите Лезбос и Крит, од обилниот дожд беа поплавени улици во повеќе населби, беше предизвикана е материјална штета на патната мрежа, а проблеми создаде и силниот ветер кој беше причина за пад на дрва