сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бурен ден во Србија: Веља Невоља и неговиот клан ќе се соочат со сведоците соработници

Бурен ден во Србија: Веља Невоља и неговиот клан ќе се соочат со сведоците соработници

Во Специјалниот суд  во Србија каде денеска треба да продолжи судењето на Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите членови на нивниот клан, обвинетите кои се наоѓаат во Централниот затвор пристигнаа во придружба на вооружената полиција,

Улицата каде што е градскиот Специјален суд за кратко време беше целосно „исчистена“ од сообраќај.

Беливук и Миљковиќ, да потсетиме, во понеделникот ја изнесоа својата одбрана во која негираа дека сториле најтешки кривични дела. Денеска треба да дадат исказ уште осум обвинети, а потоа сослушување на тројцата сведоци соработници Бојан Хрватин, Никола Спасојевиќ и Срѓан Лалиќ.

-Се очекува да биде бурен ден во судницата, доколку на ред дојдат сведоците соработници. Беливук и Миљковиќ, кои им поставуваа прашања на останатите обвинети и често се појавуваа на збор во претходните три дена, сигурно ќе ја искористат можноста да ги сослушаат, објаснува соговорникот на српските медиуми.

Сведоците соработници, кои биле членови на кланот и решиле да зборуваат за сите злосторства, се должни да ги повторат своите изјави во судницата. Досега не се сослушани во присуство на Беливук и Миљковиќ, а ова ќе биде нивно прво соочување откако се договорија со обвинителството.

Криминалниот клан Беливук и Миљковиќ беше обвинет за седум убиства, силување на стадионот на Партизан, трговија со дрога и поседување оружје.