вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Цела Хрватска го чека утрешниот ден: Мамиќ замина во странство на ден пред изрекување на пресудата, не знае кога ќе се врати

Цела Хрватска го чека утрешниот ден: Мамиќ замина во странство на ден пред изрекување на пресудата, не знае кога ќе се врати

Утре Здравко Мамиќ треба да ја слушне пресудата околу обвинението за кое се терети, а за кое тој вчера објави дека е монтиран случај против него.

Тој денеска се јави за Дневникот на хрватската Нова ТВ од Меѓугорје. Тој тврди дека не е во бегство туку дека утре очекува ослободителна пресуда, како и дека нема да биде на нејзиното изрекување. Тој и понатаму тврди дека не е крив.

-Баш во овој момент тргнав кон Меѓугорје. Тоа значи дека нема да се појавам на изрекувањето на пресудата во Осијек.

-Очекувам да бидам ослободен затоа што во текот на целата постапка е утврдено дека она што ми се става на терет и на мене и на моите други пријатели едноставно не е докажано, односно обратно докажано е дека сме чисти, изјави Мамиќ за Нова ТВ.

Прашан дали е во бегство, Мамиќ одговара: „Па секако дека ова е мое привремено заминување во Меѓугорје, не разбирам од што би бегал“.

На прашањето кога планира да се врати во Хрватска, тој одговори: „Па кога ќе сакам, кога ќе имам време, кога обврските тоа ќе ми го дозволат.“

Вашата поддршка ми е сила, нема да ве изневерам

Мамиќ на својот Фејсбук профил напиша како вечерта пред пресудата одлучил да ја помине во мир на Меѓугорје. Додава дека примил бројни повици и пораки со поддршка и на сите искрено им се заблагодарува.

-Драги мои, во исчекување на пресудата во процесот кој се води против мене и моите соработници, оваа вечер одлучив да ја поминам во мир и размислување во за мене најубавото место- Меѓугорје. Во последните 24 часа моите објави ги виделе повеќе од 1.100.000 корисници, примив 3857 пораки со поддршка на Фејсбук, како и многу повици, благослови, приватни пораки на кои не можам да стигнам да им одговорам, но искрено ви се заблагодарувам. Сакам да знаете дека вашата поддршка ми дава сила, како и дека нема да ве изневерам, а истото го очекувам и од хрватското правосудство кое утре мора да ја донесе единствената можна исправна одлука- ослободителна пресуда, напиша тој на Фејсбук.

Цвитан: Ќе го тужам Мамиќ

Поранешниот главен обвинител на Хрватска, Динко Цвитан реагираше на тешките обвинувања кои вчера во јавноста за него го изнесе Мамиќ.

Тој потенцираше дека организации на чело со Цвитан му спремиле прогон и со новинарите подели преписки со обвинителката Тамара Лаптош и судија од советот кој утре на пладне во Жупанскиот суд во Осијек ќе ја прочита пресудата за Мамиќ, поради извлекување на 116 милиони куни од Динамо Загреб.

Во СМС пораките за кои Мамиќ тврди дека ги пронашол во поштенско сандаче, видлива е конверзација во која како што Мамиќ тврди, споменатите актери се договараат како да му изречат што потешка казна.

-СМС пораките кои ги покажа Здравко Мамиќ се фалсификат кој се гледа од авион, а неговите заклучоци немаат врска со вистината и претставуваат најобична будалаштина. За сите зборови со кои ги навредуваше мојата чест и мојот углед ќе покренам тужба за исплаќање на оштета, за РТЛ изјави Динко Цвитан.

Инаку, вчерашната прес конференција која ја одржа Мамиќ тој ја најави како најважна во неговиот живот и дека таа ќе биде причина за рушење на темелите на хрватското правосудство.