среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Цела Србија ќе се зарази: Д-р Јанковиќ со предупредување

Цела Србија ќе се зарази: Д-р Јанковиќ со предупредување

Заменикот директор на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ, предупредува дека доколку сега не се реагира поради драматичното ширење на корона вирусот во Србија, наскоро ќе се соочат со ситуација во која „цела Србија ќе се зарази“.

Тој посочува дека притисокот врз здравствениот систем поради огромниот број пациенти кои имаат сериозни симптоми е таков што Србија нема избор.

-Елементарната логика вели дека треба да се преземат ригорозни анти-епидемиски мерки, кои вклучуваат ограничување на движењето, спречување контакти и можност за физичко ширење на вирусот. Ограничувања на собири на јавни места во затворени простории, клубови, кафулиња, па дури и продавници, освен таму каде што има основни потреби. Се разбира, со преминот кон работа и настава преку Интернет, вели Јанковиќ и додава дека тие мерки би имале ефект за 15 дена, бројот на заразени лица би почнал да се намалува.