среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Целосно урнат потпорниот ѕид на Коридорот 10 кон Македонија

Целосно урнат потпорниот ѕид на Коридорот 10 кон Македонија

Бетонскиот потпорен ѕид кој вчера делумно се урна на Коридорот 10 во Грделичка клисура, денеска поради лизгање на земјиште целосно е урнат, јави МИА.

Овој потпорен ѕид, кој се наоѓа на Коридорот 10 на делот од автопатот во изгрдба кон Македонија, на делницата Горно Поле- Царичина долина, во изминативе пет месеци паѓаше дури трипати.

Попорната конструкција вчера во должина од 50 метри и дестабилизација на делот од заштитната косина со вкупна должина од 725 метри, со што се уништени околу 500 квадратни метри галерија над местото каде се гради десната лента на новиот автопат.

За време на паѓањето на бетонот, земјата и камењата во близина немаше работници.

Србија, после вотрото паѓање на бетонскиот потпорен ѕид го ангажираше стручњакот на Светската банка Мариноса Скемпаса, експерт за косини за да го реши овој проблем, но сепак повторно дојде до уривање на потпорниот ѕид.

Со оглед на тоа што степенот на физичката реализација на оваа делница достигна 90,5 проценти изведени работи, работите на овој дел од трасата на Коридорот 10 ќе продолжат и покрај неопходната реконструкција на оваа градба, се истакнува во соопштението за јавноста, во кое не се наведува колку овој проблем ќе го пролонгира пуштањето во употреба на новиот автопат кон Македонија.

МИА