сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Церар: САД посилно да се ангажира на Балканот – во спротивно ќе надвладеат руски или кинески интереси

Церар: САД посилно да се ангажира на Балканот – во спротивно ќе надвладеат руски или кинески интереси

Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар за Вашингтон пост изјави дека американската адмнинистрација треба посилно да се ангажира во Југоисточна Европа, ако не сака јакнење на влијанието на Русија и на Кина во тој дел од Европа.

– Ако надвладеат руски или кинески интереси, тој регион може да го загубиме. – изјави Церар за весникот додавајќи дека треба да биде поизразено присуството и ангажираноста на САД.

Шефот на словенечката дипломатија нагласува дека во Средна, Источна Европа како и Балканот, посебно се изразени интересите на Кина за јакнење политички и економски врски.

– Иако Словенија има само два милиона жители таа привлекува голем интерес за инвестиции од Кина додека САД во тој поглед многу помалку е видлив. – изјави Церар.

Тој предупреди дека интересот на Москва и на Пекинг во ситуација кога администрацијата во Вашингтон е фокусирана на агендата „Америка на прво место“, помалку се ангажира во Европа. Тоа според него може да предизвика геополитички промени во однос на стариот континент и посебно на Балканот.

– Мислам дека би било добро кога нашите сојузници во САД би биле поприсутни во тој регион. – нагласи Церар, при тоа предупредувајќи дека администрацијата на Трамп предлага на Конгресот намалувања за поддршка во странство, додека Москва и Пекинг во исто време, ги зголемуваат средствата и со тоа и своето влијание во светот.

Според Церар, Словенија има големо влијание на Западен Балкан, а ЕУ во соработка со САД во тој поглед треба да покаже повеќе одлучност бидејќи Балканот спаѓа во демократското европско семејство како полноправен член.