Поради силниот ветер, чадот од пожарот во близина на Атина поминал речиси 700 километри и рано утрово стигнал до крајбрежјето на Северна Африка, пишува грчкиот портал Метео, јави дописничката на МИА од Атина.
Порталот објави сателитска снимка обработена од Националната опсерваторија во Атина на која се гледа чадот од шумскиот пожар во Дервенохорија на границата помеѓу областите Виотија и Атика, што речиси стигнува до Северна Африка.
Чадот, според порталот, поради силниот североисточен ветер поминал речиси 700 километри.