вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Четирите најголеми грчки банки ги положиле европските „стрес тестови“

Четирите најголеми грчки банки ги положиле европските „стрес тестови“

Четирите најголеми грчки банки ги положија најновите „стрес тестови“ на Европската централна банка, во кои се проверува како банките би издржале во случај на повторно влошување на финансиската состојба, јави новинската агенција ДПА.

Според тестовите, Националната банка на Грција, Алфа, Еуробанк и Пиреас банката имаат доволни резерви на капитал за да издржат нови кризни услови. Доколку дојде до нова криза, се проценува дека до 2020 година од банките би биле повлечени 15,5 милијарди евра. Грците повлекоа околу 100 милијарди евра од банките во текот на финансиската криза од 2010 до 2015 година, со што вкупното ниво на депозити падна од околу 250 на 150 милијарди евра. Банките беа спасени од колапс со инекции на пари од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, како и со воведување на горна граница колку пари граѓаните може да повлечат од сметките.

Најновите стрес тестови, во кои банките се испитуваат од економски експерти, се дел од планот за завршување на програмата за финансиски спас на Грција во текот на годинава. Резултатите од испитувањата ќе бидат објавени во ноември, а се дознава дека најдобро поминала Алфа банката, втора била Еуробанката, па НБГ и Пиреас банката.

МИА