Четворица мигранти исчезнаа во реката Дунав, во близина на Апатин, при обид илегално да преминат во Хрватска.
Според очевидци, тоа се случило во близина на викенд населбата Вагони, каде десетмина мигранти во попладневните часови земале чамец и се обиделе преку Дунав да преминат на хрватска страна.
Полицијата и нуркачки екипи веднаш пристигнале на местото на несреќата.