Икона на светиот Архангел Михаил во православниот манастир Крка, недалеку од Кистанија во Хрватска, веќе со денови „плаче“.
Овој несекојдневен настан никого не остави рамнодушен.
Владиката Никодим за време на литургија соопштил дека иконата мироточи.
-Пред неколку дена во манастирот Крка проплака икона на архангел Михаил која стои на самиот влез на црквата, потврдил владиката.
-Вакви работи не се случуваат случајно. Оние кои не веруваат може да го негираат тоа, но оние кои веруваат знаат дека ова не е случајност и дека нешто следи или можеби е опомена за нешто што правиме- рекол еден од локалните жители.
За сето ова е известен и патријархот Иринеј, кој вели дека ова што се случува е вистинско чудо.