четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ЦИА: Преку БиХ се повеќе се превозува хероин и се перат пари

ЦИА: Преку БиХ се повеќе се превозува хероин и се перат пари

Босна и Херцеговина се повеќе станува транзитна точка за превоз на хероин во Западна Европа, соопшти Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Во извештајот објавен на интернет страницата на ЦИА, се наведува дека БиХ е мала транзитна точка за превоз на марихуана, како и дека е „исклучително загрозена“ од активностите на перење пари „со оглед на нерегулираната економија, слаба примена на законите и случаи на корупција“.

Во извештајот, кој го пренесува „Независне новине“, се наведува дека и БиХ се соочува со проблемите на невработеноста, лошата економија, негативна стапка на наталитет и загаден воздух. (МИА)