Откако пред околу еден час земјотрес ја стресе грчката област Лариса, на социјалните мрежи веќе се појавија фотографии од оштетени домови, згради и цркви.
На дел од фотографиите се гледа како црква во близина на потресот буквално е срамнета со земја, додека оштетени се и многу други домови и градби.
Потресот според официјалните податоци беше со јачина од 6.2 степени по рихтер, а беше почувствуван и во Македонија, како и во главниот град.
Освен тоа истиот беше почувствуван и во Бугарија и Албанија, а според официјалните информации тлото се уште се тресе и тоа речиси на секој неколку минути.