Утрово околу 10 часот во Србија пукна висечки мост, а 20 лица паднаa во надојдена река. Несреќата се случи во близина на Јованскиот манастир во Овчарско-кабларската клисура.
Најмалку две лица загинаа, а според првичните информации неколку патници кои беа извлечени од Западна Морава не даваат знаци на живот.
Според Телеграф, едната жена се заплеткала во мостот и се удавила. Повредени се 12 лица, од кои 11 се во болницата во Чачак.
Неофицијално се дознава дека две лица се во тешка состојба. Жртвите биле посетители од Република Српска.