понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Деца пронашле бомба, па ја однеле во Владата на Србија

Деца пронашле бомба, па ја однеле во Владата на Србија

Деца кои си играле пред зграда пронашле рачна бомба од постаро производство во гепек на автомобил, кои стоел напуштен на паркинг, јавуваат српските медиуми.

Децата ја однеле бомбата пред зградата на Владата на Србија, која се ноаѓа во непосредна близина, каде што ја предале на дежурните полицајци.

Полицијата потоа ја деактивирала бомбата.

Автомобилот „голф“ веќе 15 години се наоѓа на паркингот, пренесува агенцијата Бета.