недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ДЕДО МОНСТРУМ ОД БЕЛГРАД: Си ја си*увал својата внука и ѝ се заканувал да не раскажува

ДЕДО МОНСТРУМ ОД БЕЛГРАД: Си ја си*увал својата внука и ѝ се заканувал да не раскажува

Маж на 61-годишна возраст е уапсен во Србија под сомнеж дека ја силувал неговата 13-годишна внука во Белград.

Несреќното девојче долго време не смеело да каже дека со монструм го дели кровот, но некако собрала храброст и сè ѝ раскажала на својата мајка.

– Ќерка ми дојде и едвај собра сила да ми каже што се случило. Не можевме ни да претпоставиме. Тоа е татко на мојот сопруг. Сè почнало со допирање, а потоа преминало во друго, вели мајката.

Таа вели дека нејзиниот свекор го прогонувал девојчето сè до момент кога го одбила и му кажала да се тргне од неа.

– Ми кажа дека ѝ се заканувал и дека ја терал да имаат односи. Ми кажа дека ќе ја убиел ако раскажела на некого, вели таа.

Таткото на девојчето бил во шок затоа што неговиот родител направил такво нешто со неговата внука.

– Верувајте ми, не ми се живее. Кога го пријавивме во полиција, татко ми почна да бега, а полицијата ми кажа да го следам. Се јавивме да кажеме на роднините за да не го примаат во нивниот дом, а потоа со полицајците го фативме на една улица, раскажува таткото.