недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Демонстранти се судрија со полицијата во Грција: Фрчеле камења и солзавци

Демонстранти се судрија со полицијата во Грција: Фрчеле камења и солзавци

Демонстранти се судрија со полицијата за време на синоќешните протести во неколку грчки градови кои се одржаа по повод петгодишнината од убиството на раперот Павлос Фисас.

Судири имало во Атина и во градовите Патра и Солун, каде групи демонстранти мавале со камења и шишиња врз полицајците, кои одговориле со солзавец.

Засега нема информации за уапсени лица.

За убиството на 34-годишниот рапер кое се случи во 2013 година беше уапсен приврзаник на грчката неофашистичка партија „Златна Зора“, а против лидерите на партијата се води процес по обвиненија за создавање криминална организација. „Златна зора” има 15 пратеници во 300-члениот грчки Парламент.