вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дендиас денеска во Хрватска, ќе разговара и за европската перспектива на Западен Балкан

Дендиас денеска во Хрватска, ќе разговара и за европската перспектива на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас денеска ќе го посети Загреб, каде ќе учествува на годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и конзули на Хрватска, што се спроведува од 24 до 26 август.

Дендиас е поканет од хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман.

Како што информираше грчкото Министерство за надворешни работи, тој ќе биде пречекан и од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Пред да заврши посетата, Дендиас ќе има и работна вечера, чиј домаќин ќе биде неговиот хрватски колега.

Се очекува разговорите на Дендиас и хрватските официјални лица да се фокусираат на билатералните прашања, руската инвазија врз Украина и на настаните во Источниот Медитеран, како и на соработката на двете земји во рамки на Европската Унија за повеќе прашања, вклучувајќи ја и европската перспектива на Западен Балкан.