петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дендиас се огласи откако утринава му се слоши на литургијата

Дендиас се огласи откако утринава му се слоши на литургијата

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ја прекина посетата на Света Гора и се врати во Атина, откако утрово, додека ја следел литургијата во еден од манастирите, му се слошило поради ортостатска хипотензија и паднал, а како што самиот напиша на Твитер е целосно добар со „две гребнатини од падот“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Искрено им благодарам на оние кои изразија интерес за моето здравје. Апсолутно сум добро, со две гребнатини од падот и импресиониран од она што го видов и слушнав од првата посета на МНР на Света Гора во последните 11 години. Се обврзав дека ќе се вратам наскоро, напиша Дендиас на „Твитер“.

Од Министерството за надворешни работи на Грција, како што веќе објави МИА, утрово брифираа дека Дендиас имал појава на ортостатска хипотензија, но е во добра здравствена состојба.

Според државната телевизија ЕРТ, веднаш интервенирал лекар кој го прегледал Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија ги прекина планираните активности за денеска, во рамките на неговата дводневна посета на Света Гора што започна вчера и се врати во Атина.