Една патничка починала откако и се слошило во авион кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, изјавија утрово од службата за Брза помош.
Авиот од Келн принудно слетал во Белград во 22:24. Авионот летал за Ниш.
Како што дознаваат српските медиуми, се работи за 68-годишна патничка.
-Беше започната реанимација. Нашата екипа дојде, учествуваше во реанимација, но на крајот само констатиравме смрт, изјави за РТС, Ивана Стефановиќ од Брзата помош.