сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Девет лица загинаа во потонатиот чамец во петокот кај Миконос

Девет лица загинаа во потонатиот чамец во петокот кај Миконос

Девет загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со мигранти што во петокот се случи североисточно од грчкиот остров Миконос, откако денеска биле откриени безживотните тела на уште пет лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, со помош на нуркачи била извршена подводна потрага во потонатиот глисер што се наоѓа на длабочина од приближно 30 метри и биле извлечени телата на четири жени и еден маж.

Во спасувачката акција во петокот беа пронајдени двајца мажи во добра здравствена состојба, но и телата на тројца мигранти.