петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

До крајот на април во Србија ќе бидат вакцинирани 40 отсто од населението

До крајот на април во Србија ќе бидат вакцинирани 40 отсто од населението

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека до крајот на април 40 отсто од населението во државата ќе биде вакцинирано барем со првата доза и најави дека повеќе од 660.000 вакцини ќе пристигнат до понеделник.

Во изјава за локални медиуми, таа додаде дека 57.600 дози вакцини „Астра Зенека“ од програмата Ковакс ќе пристигнат во Србија вечерва, додека во понеделник се очекува да пристигнат 106.470 дози вакцини „Фајзер“ и половина милион вакцини „Синофарм“.

– Долго чекавме за системот Ковакс. Добро е што се организиравме и сериозно размислувавме да имаме билатерални договори со производителите и да добиеме речиси 2,5 милиони вакцини, рече таа.

Според неа, 1.039.000 луѓе досега ги примиле двете дози на вакцина во Србија.

Брнабиќ рече дека Србија донирала 20.000 од првата доза на вакцината „Спутник В“ во Северна Македонија и дека ќе испрати уште толку за втората доза.

Таа додаде дека вечерва ќе има состанок на Кризниот пштаб на која е можно да се донесе одлука за „малку релаксирани мерки“ и дека претседателот на државата ќе се вакцинира во вторник со што ќе се отвори вториот круг на вакцинација.