сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Додека пожарникар се борел со пламените јазици во Грција, изгорел неговиот 6 месечен син, сопругата се бори за живот

Додека пожарникар се борел со пламените јазици во Грција, изгорел неговиот 6 месечен син, сопругата се бори за живот

Дописничката на МИА од Атина поразговара со дел од Грците кои од понеделникот живеат лични трагедии, друг дел решија нивните приказни да ги раскажат и да ги споделат на социјалните мрежи, дел говореа за грчките медиуми.

Големиот интензитет на пожарите кои речиси во исто време избија и во западниот и во источниот дел на областа Атика го прекинаа годишниот одмор на еден пожарникар. Бил итно повикан да замине на работа, да помогне во справувањето со огнената стихија. Додека тој се борел со огнените јазици и спасувал луѓе, го загубил неговото шестмесечно дете. Неговата сопруга, со тешки повреди, се бори за живот.

За трагичната судбина на пожарникарот говореше претседателот на Грчката федерација на вработени во противпожарната служба Димитрис Статопулос за грчката телевизија Антена.

– Службата нареди мобилизација и беше обврзан да оди. Отиде да го гасне пожарот. За жал, ги остави сопругата и детето и сега, детето е меѓу жртвите, а сопругата е на интензивна нега, рече колегата на пожарникарот за грчката телевизија Антена.

Според грчките медиуми, бебето беше првата идентификувана жртва во катастрофалните пожари. 

Во Институтот за судска медицина, изминатите денови се одвиваше „последниот чин од грчката трагедија“.  Како што јави дописничката на МИА од Атина, пред главниот влез на објектот, забележително беше присуството на грчки, но и странски медиуми. Дел од роднините на загинатите или исчезнатите говореа пред новинарите за да ја споделат нивната болка и трагичните моменти што ги живеат, дел не сакаа да коментираат.

МИА