среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Додик: Доаѓањето на Шмит во Република Српска може да предизвика насилство

Додик: Доаѓањето на Шмит во Република Српска може да предизвика насилство

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска во Бања Лука изјави дека доаѓањето на високиот претставник Кристијан Шмит во Република Српска може да предизвика насилство.

„Што и да одлучи, нема да прифатиме, не е добредојден во Република Српска, нема да смее да дојде во ниту една институција на РС“, рече Додик, повторувајќи дека доаѓањето на Шмит во РС може да предизвика насилство.

На прашањето какво насилство ќе има и какви мерки се преземени, Додик рече дека тоа е работа на безбедносните органи.

„Ме информираа дека постои непријателство, односно дека е создадена таква атмосфера што веќе не може да се брани неговото (на Шмит) присуство во РС, без да се појават елементи кои би ја загрозиле севкупната безбедност, вклучително и неговата безбедност”.

Додик повтори дека високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, нема легитимитет и дека владата на РС нема да прифати ниту една негова одлука. Тој оцени дека „политичката ситуација во РС е загрозена од Шмит и одредени амбасадори со нивниот интервенционизам и изјави против функционерите на РС и Република Српска“.  (МИА)