Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска положи заклетва во Народното собрание на Република Српска.
Тој истакна дека е горд на победата и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.
Додик исто така наведе дека во наредниот период клучна политика ќе биде борбата за стабилност и мир
Го користам овој ден да ги поканам сите да не прифатат како партнери за прашањата важни за РС, посочи Додик.
Заклетва положија и потпретседателите на РС, Хрватот, Давор Прањиќ и Бошњакот, Ќамил Дураковиќ.
Претходно, новоизбраната српска членка во Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, положи заклетва во Парламентот.
Цвијановиќ утре ќе положи заклетва и во Претседателството на БиХ, каде избрани се и Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ. (МИА)