среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Доживотен затвор за „малчанскиот берберин“ кој ја киднапираше и злоставуваше малата Моника

Доживотен затвор за „малчанскиот берберин“ кој ја киднапираше и злоставуваше малата Моника

Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчански берберин, осуден е денес во Високиот суд во Ниш на првостепена казна доживотен затвор заради злоставување на малолетно девојче од Брзи Брод, јави допсиникот на МИА од Белград.

Постапката беше затворена за јавноста поради заштита на интересите на малолетничката.

Јовановиќ го доби прекарот Малчански берберин според неговата потреба да им ги шиша главите на жртвите пред да ги силува. За истото дело поминал повеќе од 20 години од својот живот во затвор.

Во образложението на пресудата се вели дека тој бил свесен што прави и дека и нанел тешки телесни повреди на девојчето.

Јовановиќ беше обвинет во декември 2019 година за киднапирање и десетодневно злоставување на девојче.

Пресудата беше изречена точно на годишнината од денот кога Јовановиќ беше уапсен на гробиштата во селото Малча, по потера во која учествуваа околу 800 полицајци, жандарми и граѓани.

Дванаесетгодишното девојче тој ја киднапираше на 20 декември 2019 година во Брзи Брод, крај Ниш, на пат кон училиштето, а девојчето е пронајдено на 29 декември во селото Пасјача.