вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ДРАМА НА ГОЛЕМ ОДМОР: Избодел со нож двајца малолетници бидејќи девојката му се допаѓала на друг

-Дојде пред училиштето и бараше да разговара со него. Тамара разговараше со неколку соученици, а таму беше и Воислав. Адам им се доближи и почна да му се дере на малото момче, а тоа само го праша зошто се дере, изјави другар на повредениот Воислав.
ДРАМА НА ГОЛЕМ ОДМОР: Избодел со нож двајца малолетници бидејќи девојката му се допаѓала на друг

21-годишниот Адам М. е уапсен бидејќи пред Хемиското училиште во Белград со нож ги избоде 15-годишниот  Воислав и својата девојка Тамара (17).

Повредениот Воислав е ученик во втора година средно училиште, а Тамара е четврта година.

Адам на големиот одмор дошол во дворот на училиштето каде учи неговата девојка бидејќи чул дека таа му се допаѓа и на некој друг.

-Дојде пред училиштето и бараше да разговара со него. Тамара разговараше со неколку соученици, а таму беше и Воислав. Адам им се доближи и почна да му се дере на малото момче, а тоа само го праша зошто се дере, изјави другар на повредениот Воислав.

(повредениот Воислав)

Тогаш Адам извлекол нож и го прободе несреќното момче два пати.

-Адам тогаш избега, а неколкумина тргнавме по него да го бркаме, но не го фативме. Му ја соблековме блузата на другарот да видиме колку е повреден и веднаш го пренесовме до болница, вели момчето.

Адам не ја поштеди ниту својата девојка поради љубомората. Тој кон неа тргнал со ножот, а кога таа се одбранила и ја расекол целата дланка.

Воислав е пренесен на Ургентен центар поради сериозноста на повредите.