На граничниот премина Брегана, на влезот во Словенија, во автобус кој тргна од Тузла кон Хамбург, се породи една патничка.
Меѓу патниците во автобусот на тузланската компанија „Транс Турист“ била и жена во поодмината бременост на која при породувањето и помогнале другите патници и возачите.
Ова на Фејсбук го потврди директорот на Патничката агенција „Транс Турист“ Едо Хасиќ, пренесе порталот Klix.ba.
На бремената жена наеднаш на преминот Брегана на влез во Словенија и почнале болките.
Потоа мајката и бебето со санитетско возило се префрлени во болница.
Автобусот со останатите патници го продолжи патот кон Хамбург.