На плажата во популарното одморалиште Неа Мудања на Халкидики утрово се одвивала вистинска драма. Во морето бил најден потопен автомобил.
Настанот се случил во вторникот на 8 август, по што интервенирала локалната шлеп служба.
Според првичните сознанија, најверојатната причина поради која автомобилот завршил во морето, се претпоставува дека е откочување на рачната сопирачка.
Во инцидентот нема повредени, бидејќи во возилото немало никој.