вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ДРАМА НА ИЗБОРИТЕ ВО ЦРНА ГОРА: Срам да ви е ми го украдовте гласот, ова ми се последни избори во животот (ФОТО)

ДРАМА НА ИЗБОРИТЕ ВО ЦРНА ГОРА: Срам да ви е ми го украдовте гласот, ова ми се последни избори во животот (ФОТО)

Вистинска драма денеска се случувала на едно избирачко место на парламентарните избори во Црна Гора, пренесуваат соседните медиуми.

Имено на гласач од 80 години му е поништен гласот бидејќи како што пишуваат медиумите тој погрешно го свиткал ливчето откако гласал.

Старецот по инцидентот легнал на подот и извикувал дека сака да гласа бидејќи ова му се последните избори во животот.

Откако гласал и сакал листот да го стави во кутијата изборната комисија му рекла дека изборниот лист не е добро превиткан и дека гласот му е поништен, по што започнал остро да реагира и да бара да гласа пак.

Набрзо дошла и полицијата која се обидела да го изнесе од просторијата за гласање за да продолжи истото.

Според медиумите граѓаните кои се нашле на самото место му дале целосна поддршка на овој дедо извикувајќи на полицијата „срам да ви е“.